Connect with us

Свет

Советот на ЕУ го одложи продолжувањето на санкциите против Русија

Советот на Европската Унија денеска не го одобри предлогот за понатамошно проширување на санкциите против Русија поради војната во Украина, потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на состанокот на европските министри за надворешни работи.

– Жалам што сè уште не сме постигнале едногласност, но сме доста блиску, наведе Калас.

Таа истакна дека земјите-членки на ЕУ имаат различни причини да инсистираат на измени во првичните предлози на Европската комисија. Најдобар ефект за економијата на сите земји од ЕУ е војната во Украина да заврши. Затоа, потребни се краткорочни напори за завршување на војната со вршење дополнителен притисок врз Русија, посочи Калас.

ЕК на почетокот на јуни предложи следните санкции против Русија да вклучуваат повеќе економски мерки и забрана за влез во ЕУ за сите кои служеле во руските вооружени сили од почетокот на војната.

– Ова е поврзано со нашата безбедност, не треба да им дозволиме на овие луѓе да влезат во Европа, тие се опасни, наведе Калас, додавајќи оти Русија нема програма за реинтеграција на своите поранешни борци во општеството.

Калас посочи дека ЕУ има план „Б“ ако новото продолжување на санкциите не добие поддршка на време.

Таа претходно најави дека ЕУ, со 21-иот пакет санкции, ќе санкционира уште 250 лица и субјекти поврзани со Русија.

Ad
Ad