Connect with us

Хроника

Пронајдени две гранати кај викендица во кумановско Косматац

Кумановец пронашол две гранати во близина на викендичка во село Косматац, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера во 09:40 часот пријавил во СВР Куманово дека при изведување градежни работи во близина на неговата викендица во селото Косматац пронашол две гранати.

Како што соопшти полицијата, пријавата ја поднел С.Т. (68) од Куманово. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а гранатите во текот на денешниот ден ќе бидат безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Ad
Ad