Connect with us

Хроника

Во штипската населба Сењак опожарени две возила

Две возила изгореа во пожар, кој се случи попладнево во штипската населба Сењак. Возилата се изгаснати по брзата интервенција на пожарникарите на ТППЕ-Штип.

Според првичните информации пожарот почнал од едно од возилата, по што огнот се проширил и го зафатил второто возило. Двете возила биле паркирани на паркинг простор пред една од станбените згради во најголемата штипска населба Сењак.

Надлежните служби ќе истражуваат кои се причините за пожарот, во кој изгореа две возила.

Ad
Ad