Connect with us

Општини

Прилепската Итна помош има за 30 проценти зголемени интервенции

За 30 проценти се зголемени интервенциите на прилепскта итна медицинска помош. Најголеми проблеми имаат хронично болните, а не се ретки ниту интербецииите при каснување од инсекти и змии. Потребни се и поброен персонал и повеќе возила. 

-Зголемен е бројот на инфаркти, инсулти, колапси, каснување од инсетки. Имавме два случаи на каснување од змија. Исто така, зголемен е бројот на повреди на работно место. Често доаѓаат луѓе повредени на работното место. Исто така, зголемен е бројот, за жал, на сообраќајни незгоди. Има поголема раздвиженост на автомобили, електрични тротинети, велосипеди, мотоцикли, вели Боше Милошески, началник на службата за Итна помош при прилепската болница.

Службата се соочува со недостиг од медицинска и техничка помош. Недостигаат лекари, медицински сестри, шофери. 

-Не сме доволно екипирани. Недостигаат и лекари и медицински сестри и шофери на возилата. Освен тоа во овој период имаме и многу културни и спортски манифестации кои треба да ги обезбедува Итната помош.  Моментално, медицински сестри во Службата се 10, а треба да бидат минимум 18, лекари се 14, а најмалку треба да бидат 16. Шофери на возилата треба да бидат 16, а сега се 12 кои ги опслужуваат превозните средства на Службата. Моментално располагаме со амбулантски возила. Се надеваме дека наскоро ќе се реализира најавата од Владата и од Министерството за здравство за набавка на нови амбулантски возила, објаснува Милошески. 

Лекарите ги повторуваат советите за внимателнот со здравјето, за пиење течности и избегнување на жештините. Службата од прилеп е надлежна за пружање итна медицинска помош на голем регион на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани и во реонот на Мариово. 

Ad
Ad