Connect with us

Свет

Во Анкара се приведуваат осомничени лица за мито и местење тендери

Турското обвинителство нареди апсење на 36 лица, меѓу кои и претседател на општина во Анкара предводена од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), како дел од истрагата за наводно поткупување и местење на тендери.

Полицијата приведе 27 осомничени лица, а продолжува потрагата по другите осомничени.

Помеѓу осомничените е и претседателот на општина Чанкаја, Хусеин Џан Гунер.

Турските власти веќе подолг период спроведуваат истраги во општините управувани од ЦХП. Опозициската партија тврди дека истрагите се политички мотивирани, а Владата нагласува дека судството е независно.

Ad
Ad