Скопје
Општина Аеродром: Прва детска градинка во Долно Лисиче
Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата, се наведува во соопштението на Општина Аеродром кое МИА го пренесува интегрално.
Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог.
Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет.
јули 12, 2026


