Тенис
Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон
Линда Носкова е нова шампионка на Вимблдон откако во чешкото финале ја совлада својата сонародничка Каролина Мухова со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:3) за 150 минути игра. Ова за 21-годишната Носкова е прва Гренд слем титула.
Во првиот сет Носкова двата брејка ги направи во четвртиот и во осмиот гем и сетот го доби со 6:2 во гемови и притоа ја искористи петтата сет топка. Но, во вториот сет имаше вистинска драма и голем пресврт од причина што Каролина Мухова успеа да спаси пет меч топки. Носкова дојде до предност од 5:2 во гемови и во осмиот гем на сервис на ривалката имаше три меч топки, но не ги искористи. Во следниот гем на свој сервис имаше меч топка и не ја искористи и Мухова намали на 5:4. Во овие два гема беа одиграни вкупно 36 поени (16 и 20). Во десеттиот гем Носкова не искористи уште една меч топка, а потоа Мухова ја продолжи серијата од пет освоени гема и со тоа сетот со 7:5.
Во решавачкиот сет се очекуваше пад во играта на Носкова, но таа прва направи брејк и поведе со 2:0 и предноста ја зачува до крајот и сетот го доби со 6:3 во гемови. Меѓу првата и шестата меч топка за Носкова мина еден час и 20 минути.
Машкото финале меѓу Јаник Синер и Александар Зверев се игра утре (недела) во 17 часот.
јули 12, 2026


