Connect with us

Свет

Трамп воочи изборите за Конгресот го распушти независното изборно тело

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го распушти независното федерално тело задолжено за поддршка на спроведувањето на изборите, четири месеци пред изборите за Конгресот.

Според извештаите на американските медиуми, Трамп ги разрешил преостанатите тројца членови на Комисијата за помош при изборите (Election Assistance Commission), формирана во 2002 од страна на Конгресот ја формираше за да им обезбедува техничка и финансиска поддршка на сојузните држави во организацијата на изборите.

Спроведувањето на изборите во САД е во надлежност на сојузните држави, а не на федералната влада.

Комисијата вообичаено има четворица членови – по двајца од Републиканската и од Демократската партија, но во изминатиот период функционираше со тројца членови поради едно непополнето место.

Државниот секретар на Аризона, демократот Адријан Фонтес, оцени дека Трамп се обидува да внесе хаос во изборниот процес.

„Овој потег го поткопува интегритетот на непартиската изборна администрација“, изјави Фонтес.

И други критичари ја осудија одлуката, оценувајќи ја како загрижувачки обид за политичко влијание врз изборниот процес.

На крајот на минатиот месец Врховниот суд на САД значително ги прошири овластувањата на претседателот врз независните федерални агенции, со пресуда донесена во предмет поврзан со Федералната трговска комисија.

Експертите по управно право тогаш изјавија дека пресудата во случајот со Федералната трговска комисија најверојатно ќе влијае и врз други агенции и дека Трамп ќе ја искористи за проширување на своите овластувања над тела кои досега функционирале независно.

Ad
Ad