Живот
Истражување: Ноќниот живот во Холандија во 2025 година намален за 14 отсто во споредба со 2024 година
Ноќниот живот во Холандија е намален поради лошата економска состојба, и поинакви приоритети кај младите, покажува најновото истражување спроведено од Здружението на холандски музички сали и фестивали (ВНПФ).
Според официјалните податоци за 2025 година, бројот на посетители на клупски настани во Холандија е намален за речиси 14 отсто во споредба со претходната година.
– Постојат повеќе причини за овој негативен тренд, но како главни фактори се издвојуваат промената на навиките кај младите генерации и растот на трошоците за живот, се наведува во соопштението на ВНПФ
Според претставникот на организацијата, Арне Де, младите генерации едноставно имаат поинакви потреби и не сакаат да излегуваат толку често како порано.
– Една од причините за ваквата промена кај младината е и поскапувањето, кое не ги поштеди ниту ноќните клубови, изјави Де.
Според истражувањето, сè помалку посетители има и на концерти. Бројот на посетители во 2025 година е намален за 3,6 проценти во споредба со 2024 година. Поради тоа, многу сопственици на сали се соочиле со финансиски загуби.
– Има сè помалку продадени билети. Воедно луѓето избегнуваат да купат пијалаци, со цел да заштедат некое евро. Имаме сè поголеми трошоци, а и ангажманите на музичарите се сè поскапи, велат сопствениците на клубовите во Холандија.
јули 11, 2026

