Connect with us

Скопје

Во Карпош спроведена „Соседска патрола“ за превенција од насилство и ризично однесување кај младите

Општина Карпош во соработка со полициските служби вечерва ја спроведе превентивната акција „Соседски патроли“, чија цел е унапредување на јавната безбедност и подигнување на свеста кај младите за одговорно однесување.

Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници, како и родители.

Патролите ги посетија парковите, спортските игралишта и угостителските објекти – места каде што младите најчесто се собираат во вечерните часови.

За време на посетите, со младите беа водени разговори за почитување на јавниот ред и мир, одговорно користење на јавниот простор, грижа за урбаната опрема, како и за превенција од меѓуврсничко насилство, злоупотреба на алкохол и други ризични однесувања.

Од Општина Карпош истакнуваат дека со ваквите активности ќе продолжат и во иднина, со цел создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани.

Ad
Ad