Општини
Општина Битола утврди нов акциски план на ЛЕСС 2026-2029
Општина Битола утврди нов акциски план за работата на Локалниот економско социјален совет што ќе се реализира во периодот од 2026 до 2029 година.
Посебен акцент во работатана ЛЕСС Битола овој пат се става на младинското вработување и на усогласувањето на образовниот систем сореалните потреби за вештини на пазарот на труд, диктирани од бизнис секторот, посочија од тамошната локална самоуправа.
Заедничките цели кои партнерите ги реализираат преку ЛЕСС опфаќаат креирање социјален дијалог, градење и негување на конструктивна комуникација меѓу социјалните партнери за усогласување на различнитеинтереси на локално ниво, поврзување на јавниот и приватниот сектор и поттикнување соработка меѓуобразовните институции и агенциите за вработување од една страна, и реалниот бизнис сектор од друга, нагласија од Општина Битола.
Со новиот план на ЛЕСС за периодот 2026-2029 година се обезбедува поддршка за младите со директно вклучување на младите во регионалните процеси преку нивно учество во ЛЕСС и креирање мерки за развој на нивните професионални вештини, размена на информации и стратешко планирање, но и заедничка анализа на клучнитеразвојни документи на општината со цел унапредување на економско-социјалниот амбиент.
Согласно процесот на евалуација ЛЕСС ќе се реализира со краткорочни мерки во тековната година, среднорочни мерки кои ќе се реализираат во 2027 година и долгорочни стратешки приоритети, чија имплементација се очекува да заврши во зададениот рок, односно до крајот на 2029 година
јули 9, 2026


