Connect with us

Тенис

Фери само петти британски полуфиналист на Вимблдон

Британецот Артур Фери и Германецот Александер Зверев ќе играат во полуфиналето на грен слем турнирот во Вимблдон.

Дваесетитригодишниот Фери, 114. на АТП ранг-листата, го постигна најголемиот успех во кариерата победувајќи, совладувајќи го вечерва финалистот на Ролан Гарос, Италијанецот Флавио Коболи, со 6-4, 7-6 (4), 6-0.

Фери стана првиот тенисер со вајлд-карта кој дојде до полуфиналето на Вимблдон, по успехот на Хрватот Горан Иванишевиќ во 2001 година.

Фери, кој роден во Франција од француски родители и син на претседателот на фудбалскиот прволигаш Лориен, Лоик Фери, и поранешната професионална тенисерка Оливија Фери, е релативно непознат за британската јавност, но стана само петтиот Британец кој стигна до полуфиналето на Вимблдон во АТП ерата по Енди Мареј, Тим Хенман, Роџер Тејлор и Камерон Нори.

Во второто денешно четвртфинале, Германецот Зверев ја надмина една од најголемите пречки во обидот да ја освои титулата на Вимблдон, прекинувајќи ја долгата серија порази против Американецот Фриц со победа од 6-4, 6-4, 6-2.

Ова е прво полуфинале на Зверев на Вимблдон и 12. вкупно на еден грен слем турнир. 

Ad
Ad