Connect with us

Хроника

Приведена велешанка поради „обид за убиство“ на вонбрачниот сопруг

Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 19 часот ја привеле 30-годишната велешанка Т.Д., затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица.

Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот   против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, најавија од СВР Велес.

Ad
Ad