Connect with us

Свет

Повеќе од 600 дронови запленети околу стадионите во САД каде се играат натпреварите на Светското првенство во фудбал

Американските безбедносни служби од почетокот на Светското првенство во фудбал на 11 јуни досега заплениле повеќе од 600 дронови во близина на стадионите и навивачките зони.

Според Федералното истражно биро (ФБИ) и надлежните агенции, заплена на дронови имало во сите 11 градови во САД каде се играат напревари од Мундијалот, во зоните каде што е забрането летање за време на натпревари и јавни собири.

Во Мајами биле запленети 130 дронови, а во Далас повеќе од 70 за време на пет одиграни натпревари.

Во деновите кога се играат натпревари, сите летови вклучително и летовите со дронови, се забранети во радиус од три наутички милји околу стадионите, како и до височина од околу 915 метри, освен ако не се одобрени од контролорите на летање.

ФБИ предупреди дека сопствениците на дронови кои ќе ја прекршат забраната може да бидат казнети со парична казна до сто илјади долари, а постои можност и за кривичен прогон и заплена на леталата.

Федералното истражно биро распоредило специјализирани тимови околу стадионите за откривање и онеспособување неовластени дронови.

Американските власти потсетуваат дека и претходните години биле регистрирани повеќе инциденти со дронови на поголеми спортски настани.

Ad
Ad