Connect with us

Свет

Експлозии во Дамаск за време на посетата на францускиот претседател

Експлозии утрово се слушнаа низ Дамаск во време кога францускиот претседател Емануел Макрон се наоѓа во историска посета на земјата.

Макрон влегувал во претседателската палата за да се сретне со сирискиот претседател Ахмад ал-Шар кога експлозиите се случиле во близина на хотелот „Фор сизонс“(Four Seasons).

Сириските власти сè уште не го коментираа инцидентот.

Канцеларијата на францускиот претседател соопшти дека Макрон е безбеден по експлозиите во Дамаск и дека неговата посета на Сирија продолжува.

Сириските медиуми објавија дека Макрон престојувал во хотелот „Фор сизонс“.

Цитирајќи неименуван безбедносен службеник, државните медиуми соопштија дека двете експлозии во срцето на главниот град биле предизвикани од експлозивни направи. Голем облак чад можел да се види од местото на настанот.

Снимките што се проширија на социјалните мрежи покажаа возило во пламен и траги од крв на улицата.

Бројот на жртви засега не е познат, а ниту една група досега не ја презеде одговорноста.

Инцидентот се случи само неколку дена откако експлозивна направа беше детонирана во кафуле во близина на Палатата на правдата во Дамаск, при што загинаа најмалку 10 лица, а 20 беа повредени

Ad
Ad