Connect with us

Забава

АСА: Загадочните „вселенски топки“ на плажите во Австралија се делови од ракета

Мистериозните „вселенски топки“ пронајдени на плажите близу Таунсвил, во североисточната австралиска сојузна држава Квинсленд, се метални делови од ракета што неодамна влегле во атмосферата, соопшти Австралиската вселенска агенција (АСА).

Имено, шест загадочни метални предмети во топчест облик беа пронајдени од жителите во петокот, саботата и неделата на делови од плажата Форст, северно од Таунсвил. Полициските и противпожарните служби ги проверија остатоците и воспоставија зони на исклучување од 50 метри околу предметите, пренесува „Гардијан“.

„АСА направи груба идентификација на овие предмети. Локацијата и нивните својства укажуваат на остатоци од туѓо тело на ракета што неодамна повторно влегло во атмосферата од Земјината Орбита… АСА продолжува да работи со меѓународните партнери за официјално да го потврди потеклото и намената на пронајдените предмети“, се вели во соопштението.

Постоеја сомневања дека металните сфери содржат опасни хемикалии, но австралиски научници и вешто лице уточнија дека предметите најверојатно биле резервоари наполнети со гориво, коишто биле и под одреден притисок. Според стручњакот, ваквите предмети се вообичаен вселенски отпад што паѓа на Земјата по лансирање ракети

Ad
Ad