Connect with us

Свет

Во Техеран почна погребната поворка во чест на Али Хамнеи

Во Техеран денеска започна погребната поворка во чест на убиениот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, како и на тројцата негови роднини кои загинаа заедно со него.

Иранската државна телевизија пренесува слики од поворката со телото на Хамнеи како поаѓа низ главниот град, притоа истакнувајќи дека додавајќи дека во неа учествуваат „огромен број“ граѓани кои дошле да му оддадат последна почит.

Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелската војна против Иран.

Петдневниот период на жалост што започна во саботата, е предвидено да заврши в четврток со погребот на Али Хамнеи во светилиштето Имам Реза во неговиот роден град Машхад.

Ad
Ad