Connect with us

Технологија

Купер: Светот не смее да чека демонстрација на „АИ Хирошима“ за да воведе безбедносни правила

Вештачката интелигенција (АИ) мора да биде глобално регулирана пред да биде манифестирана потенцијално катасрофална демонстрација на нејзината моќ, предупреди британската министерка за надворешни работи Ивет Купер.

Таа оцени дека е неопходен меѓународен договор за безбедност на ВИ, со цел таа да се користи на сигурен начин и да се избегнат ризици по глобалната стабилност.

Купер потсети дека договорите за контрола на нуклеарното оружје беа постигнати дури откако светот ја виде неговата „страшна моќ“ на крајот од Втората светска војна, истакнувајќи „не смееме да чекаме на АИ еквивалент на Хирошима“.

Во својот труд изготвен за тинк-тенкот „Чатам Хаус“, таа наведува дека не постојат меѓународни договори меѓу големите сили за вештачка интелигенција, и покрај брзиот технолошки развој.

Купер исто така предупреди на зголемени ризици од кибер-напади поттикнати од АИ, како и на растечка глобална нестабилност и засилена конкуренција меѓу големите сили.

Таа ја нагласи потребата од зајакнување на позицијата на Обединетото Кралство во новиот светски поредок, во кој својата сила би ја користела како средство за стабилност и подобрување на животниот стандард.

Ad
Ad