Connect with us

Свет

Зеленски му ја честиташе на Трамп 250-годишнината од независноста на САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп 250 години од Декларацијата за независност на САД.

– Денеска се одбележува 250-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите, најмоќните и највлијателните соништа на човештвото – американскиот сон за независна, слободна и просперитетна нација која ја поддржува индивидуалната слобода, верата и потрагата по среќа, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Тој наведе и дека во 21 век влијанието и важноста на САД не се помали, а „ова особено го гледаме во Украина, која се бори за својата независност, слобода и право на среќа за нашиот народ, со практично истите надежи, цел и енергија со кои Американците ја освоија и ја бранеа својата независност“.

Зеленски му се заблагодари на САД за воената помош за Украина.

– Американското оружје, од противтенковските ракети „Џавелин“ што претседателот Трамп одлучи да ѝ ги испорача на Украина до пресретнувачите „Патриот“, кои најсигурно ги штитат животите на нашиот народ, сè со кое САД ни помогнаа да ја одбраниме нашата земја, сведочи за силата на американскиот дух, американската решителност и американската технологија. Убеден сум дека ако сме обединети, ќе постигнеме мир, посочи Зеленски.

Ad
Ad