Свет
Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
Пожарот што синоќа избувна во трговскиот центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт постои опасност да се прошири на соседните згради, објави Германската новинска агенција (ДПА).
Повеќе од 200 пожарникари, вработени во германскиот Црвен крст и Федералната агенција за техничка помош се вклучени во гаснењето на огнот. Според полицијата, се очекува материјалната штета да биде многу голема.
Огнот веќе уништи две магацински згради, а некои од зградите се уриваат на контролиран начин, бидејќи постои ризик од уривање и е премногу опасно за противпожарните екипи да влезат во нив.
Портпаролот на противпожарната служба, Даниел Ананд, изјави дека Штутгарт немал пожар од таков обем и толку голема спасувачка операција во изминатите години.
Засега нема информации за евентуално повредени луѓе. Сè уште е непознато што било складирано во запалените магацини. Во објектот магацини имаат над сто компании за увоз и трговија на големо кои снабдуваат хотели, ресторани и други комерцијални клиенти со свежо овошје, зеленчук и цвеќе.
Тоа е трет по големина трговски центар за свежи производи во Германија.
јули 5, 2026

