Connect with us

Свет

Мамдани: Америка им припаѓа на сите, а не само на привилегираните

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, по повод 250-годишнината од независноста на САД, денеска изјави дека Америка им припаѓа на сите нејзини граѓани, а не само на привилегирано малцинство, нагласувајќи дека улогата на имигрантите е важна во градењето на земјата.

Во говор одржан во Градското собрание на Њујорк, Мамдани рече дека генерации имигранти го обликувале градот и нацијата, потсетувајќи на придонесот на Ирците, Кинезите, Евреите, Италијанците, Сиријците и другите заедници кои низ историјата дошле во САД во потрага по безбедност и подобар живот, пишува „Гардијан“.

„Имигрантите си направиле домови тука во Њујорк и помогнале во изградбата на Њујорк“, рече Мамдани, нагласувајќи дека правото на живот, слобода и потрага по среќа мора да им биде достапно на сите.

Градоначалникот, кој е роден во Уганда и добил американско државјанство во 2018 година, оценил дека некои политички актери ја претставуваат Америка како земја наменета само за луѓе „со правилен акцент или правилна боја на кожа“, на што, како што рече, треба да се спротивставиме.

Мамдани повика на отпор кон поделбите во општеството, велејќи дека исклучувањето и спротивставувањето на различни групи се меѓу најстарите политички методи за стекнување моќ.

Мамдани, исто така, рече дека патриотизмот не значи игнорирање на недостатоците на земјата, туку застапување за нејзино подобрување преку граѓанско ангажирање, протести и борба за поголеми права и еднаквост.

„Патриотизмот никогаш не бил преправање дека нашата нација е без недостатоци. Патриотизмот е секој чин на праведно несогласување. Тоа е секој протест одржан една деценија пред своето време. Токму затоа што ја сакаме оваа нација, нема да ја напуштиме“, рече тој.

Неговото обраќање дојде неколку часа пред говорот на Трамп за Денот на независноста, за време на централната прослава на 250-годишнината од основањето на САД.

Ad
Ad