Connect with us

Свет

Канада ќе изгради нафтовод за снабдување на Азија

Канада ќе изгради нафтовод за снабдување на Азија со еден милион барели сурова нафта дневно. Нафтоводот би бил долг повеќе од илјада километри од западниот брег на Британска Колумбија до пацифичкиот брег.

Изградбата на нафтоводот треба да почне во септември следната година.

Канада има можност што се пружа еднаш во животот. Можност што ќе ја одреди нашата иднина, изјави канадскиот премиер Марк Карни.

Нафтоводот е дел од напорите на Карни да ја намали зависноста од американскиот пазар, каде што Канада продава три четвртини од своите стоки и услуги, а претходно најави дека двојно ќе ја зголеми трговијата со други земји. Канада речиси целата своја нафта ја извезува во САД односно 60 проценти од американскиот увоз на нафта, околу четири милиони барели дневно.

Ad
Ad