Connect with us

Скопје

Обучени 19 нововработени пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје

 Противпожарниот сојуз на Град Скопје согласно статутот на Противпожарниот Сојуз на Македонија, одржа курс за доброволен пожарникар. Обучени беа 19 нововработени пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Курсот опфаќа 42 часа од наставните предмети за прописи за заштита од пожари, противпожарна превентива, тактика, противпожарни вежби и прва помош. 

И минатата година Противпожарниот сојуз на Град Скопје одржа курс за доброволен пожарникар на кој беа обучени 30-на вработени пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Противпожарниот сојуз на Град Скопје, за заштита од пожари во текот на летниот период, има доставено список до Бригадата за противпожарна заштита за членови на доброволни противпожарни друштва од Град Скопје кои се обучени и опремени со заштитна опрема и опрема за гаснење пожари. 

Ad
Ad