Connect with us

Хроника

Битолчанец измамен за 91.000 денари од лажен мајстор за плочки

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека битолчанецот А.Д. (59) бил измамен од лажен мајстор за плочки во купатило.

Од СВР Битола посочуваат дека измамениот А.Д. (59) од Битола пријавил дека бил измамен од страна на лице кој бил мајстор за плочки, а со цел да му работи  во купатилото од неговиот стан при што истиот му дал 91.000 денари за набавка на материјали и до моментот на пријавување лицето избегнува контакт со пријавителот, за што истиот е измамен. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, потврдија од СВР Битола.

Ad
Ad