Connect with us

Сервисни информации

Пет активни пожари на отворен простор во државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

На територијата на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати – информираа од Центарот за управување со кризи.

Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари – кај „Џиди комерц“, каде што гори ѓубре и сува трева. Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане – село Ругинце, каде што се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева. Шума гори во село Сретеново, општина Дојран. Другите два се на велешка територија – покрај автопатот Велес – Штип кај Чолошево опожарени се ниска вегетација и сува трева, а на градската депонија гори ѓубре.

Од изгаснатите пожари денеска, едниот бил во општина Долнени – село Житоше, во близина на училиштето, гореле ниска вегетација и сува трева. Другиот пожар бил во регионот на битолското село Кукуречани, горело ѓубре.

Ad
Ad