Општини
Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство
Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
-Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец. Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство – напиша Трипуновски во објавата на својот Фејсбук профил.
јули 1, 2026


