Свет
Ѓулер: НАТО не е во криза, туку се приспособува на новата безбедносна средина
Турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер, денеска, пред претстојниот самит на алијансата во Анкара, изјави дека НАТО не е во криза, туку поминува низ процес на приспособување во новата глобална безбедносна средина.
Пред самитот на НАТО, што Турција ќе го организира на 7 и 8 јули во Анкара, Ѓулер рече дека фокусот ќе биде на зајакнување на единството, зголемување на трошоците за одбрана, соработка во одбранбената индустрија и поддршка за Украина, објавија британските медиуми.
На самитот ќе присуствуваат 32 лидери на НАТО, како и претставници на земјите од регионот на Заливот и Азиско-пацифичкиот Регион, во време на зголемени тензии во рамките на алијансата во врска со поделбата на трошоците и безбедносните обврски.
Ѓулер истакна дека НАТО останува „клучна платформа на евро-атлантската безбедност“ и додаде дека сегашните промени треба да се гледаат како приспособување, а не како криза.
Според него, САД очекуваат поголема одговорност од своите европски сојузници и Канада, а Турција треба да биде вклучена во европските одбранбени иницијативи.
јули 1, 2026


