Connect with us

Свет

Обилни дождови предизвикаа поплави во западна Јапонија, две тропски бури се приближуваат кон Токио

Обилни дождови предизвикаа поплави во делови од западна Јапонија, додека две тропски бури се приближуваат кон регионот на Токио.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека бурите „Мекхала“ и „Хигос“ се движат во близина на јужните острови и се очекува денеска да донесат нови силни врнежи.

Во градот Нара едно лице е повредено откако падна во воден тек, јави јавниот сервис НХК. Во неколку градови, меѓу кои Кјото и Осака, се пријавени ризици од поплави, а локалните власти издадоа предупредувања за свлечишта.

Снимки од Кјото ја покажуваат реката Камо исполнета со кал и надојдена вода. Јапонската агенција за противпожарна безбедност соопшти дека над 30 објекти беа поплавени во Нара и Хирошима.

Обилните врнежи предизвикаа и прекини во железничкиот и авионскиот сообраќај во погодените региони. 

Ad
Ad