Свет
Поранешната прва дама на Јужна Кореја осудена на седум години затвор поради примање мито
Окружниот суд во Сеул денеска ја осуди на седум години затвор поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кјунг-хи поради примање на мито.
Таа примала скапи подароци во замена за именување на функции и за деловни услуги.
Според Обвинителството, Ким повеќе пати ја искористила својата службена позиција за склучување зделки за лична корист.
Ким е сопруга на разрешениот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол, кој е осуден на пет години затвор поради воведување на вонредна состојба во декември 2024 година.
јуни 27, 2026

