Хроника
Приведен кавадарчанец, при претрес во неговиот дом пронајдени марихуана и ризли
Триесетгодишен жител на Кавадарци е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
Според информациите од полицијата, синоќа во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го привеле Н.Р. (30) од Кавадарци.
При претресот, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли, по што лицето било задржано во полициска станица.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
јуни 26, 2026

