Скопје
Модерни спортски терени на „Полјана“ во Хром

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на проектот за целосна реконструкција на спортскиот комплекс „Полјана“ во Хром, на површина од 1.450 м².
„Со овој проект ја продолжуваме визијата Хром да остане урбано и современо јадро на нашата општина. Инвестираме во спорт, рекреација и квалитетен живот за сите генерации. Стојам на зборот – продолжуваме со создавање на модерна инфраструктура за граѓаните на Ѓорче Петров,“ изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Проектот опфаќа изградба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, целосно ново кошаркарско игралиште со гумирана подлога, модерна фитнес-зона и ново уредено детско катче – игралиште за најмалите.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање услови кои ќе ги обединуваат спортот, рекреацијата и заедништвото, во духот на пораката: создаваме иднина заедно.
септември 4, 2025