Скопје
Сајкоски од Карпош: На општината и треба градоначалник како Лукровски, човек кој може да испорача

Почитувани тука денес сме во Карпош каде имаме штандови за акцијата Излези. Можам да укажам дека повикувајќи пред шест дена за акцијата Излези ги повикавме граѓаните дадат предлог, идеја за она што треба да се работи во следниот период и за општина Карпош и за во цела држава.
Акцијата излези предизвика 100 илјади граѓани од нашата држава да ги посетат нашите штандови и да дадат своја идеја и предлог. Можам да кажам дека од она што го видов имаме одлични идеи и предлози кои ќе бидат преточени во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за секоја општина поединечно.
Тимови од партијата од стручни луѓе, од експерти работат на програмите на сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Тука денес во општина Карпош сакам да им порачам на граѓаните од општина Карпош дека како кандидат имаме квалитетен човек, човек кој може и има волја да ги заврши сите нивни замисли.
Преку ова акција во општина Карпош дадени се преку илјада идеи. Тие нивни идеи и предлози кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Стори Лукровски ќе ги постави во новата програма и ќе бидат реализирани во неговиот четиригодишен мандат. Затоа почитувани жители на Карпош треба сите заедно да се приклучиме во кампањата на нашиот кандидат, кампањата на Сотир Лукровски за да може да доведеме градоначалник онаков како што и треба на оваа општина. Градоначалник кој знае да се грижи, градоначалник кој може да испорача и градоначалник како што е нашиот кандидат Сотир Лукровски.
септември 3, 2025