Connect with us

Скопје

Митевски: Ќе продолжиме да ги подобруваме условите за живот за жителите на општина Петровец

По петти пат застанувам овде пред вас, да ја побарам поддршката од сите вас, без разлика на вера на нација на партија. Со гордост ја барам поддршката бидејќи во изминатиов период јас покажав и докажав дека сум, градоначалник за сите жители на општина Петровец.

Реализираме голем број проекти.

Ќе почнам од населеното место Огњанци. Во населеното место направивме канализациона мрежа во должина од 450 метри на пет улици. Направивме нова спортска сала, каде што децата првиот училишен ден го започнаа токму во новата спортска сала.

Го направивме пристапниот пат во должина од 800 метри од Петровец до Огњанци.

За населеното место Петровец со гордост може да кажеме, изградивме нова општинска зграда, изградивме нова пешачка патека во должина од 2050 метри, од центарот на Петровец до излезот на Ржаничино со што ја зголемивме безбедноста на учениците кои одат на училиште во ОУ Кочо Рацин во Петровец.

Изградивме 1800 метри улици со бекатон плочки и со асфалт. Изградивме канализациона мрежа во должина од 380 метри.

Во населеното место Ржаничино, изградивме канализациона мрежа во должина од 2100 метри во новата населба блок 6. Изградивме две улици во населеното место Ржаничино во вкупна должина од 800 метри. За потребите на граѓаните на Ржаничино донесовме одлука на Совет, кадешто општината откупи 800 метри квадратни градежно земјиште за да можеме да изградиме прекрасен детски забавен парк.

Во населеното место Катланово изградивме 5 улици. Изградивме дом за пензионери, изградивме пешачка патека. Во населеното место Градманци изградивме пристап на улици во должина од 2400 метри. Средствата се обезбедени преку Владата на Република Македонија од унгарскиот кредит.

Во населеното место Брезица изградивме пристапна улица во должина од 700 метри.

Во населеното место Чифлик. Изградивме пристапна улица во должина од 300 метри. Во населеното место Долно Коњари, изградивме канализациона мрежа во новата населба во должина од 820 метри. Во населеното место Средно Коњари, изградивме две улици, една улица од автопатот до приклучокот на реката Пчиња во должина од 250 метри и една улица во самото населено место.

Во населеното место Горно Коњари, изградивме пешачка патека во должина од 525 метри. Изградивме канализациона мрежа во должина од 1000 метри. Асфалтиравме во должина од 300 метри.

Во населеното место Сушица, го изградивме плоштадот. Сушица доби нов плоштад. Го саниравме културниот дом во Сушица. Заедно со ЈП за државни патишта и директорот Коце Трајановски, изградивме 4500 метри улици, регионални улици, во населените места Петровец, Ржаничино, Горно Коњари, Сушица во правец спрема Свети Николе.

За потребите на населените места Сушица, Бадар, Блаце, Кожле и Тотинци направивме бушотини каде што трајно ги обезбедивме населените места со вода бидејќи во сушниот период се соочуваа со немање на вода.

Во наредниов период, ќе продолжиме со реализација на проекти. Еден од покрупните проекти кој ќе го започнеме со реализација, тоа е нов културен дом. Тоа го ветив, тоа ќе биде и реализирано за само неколку дена од мојов прес.

Ќе продолжиме понатака да ги реализираме сите ваши барања, сите ваши потреби бидејќи вие мои сограѓани заслужувате подобри услови, заслужувате добар живот.

Општина Петровец е општина која со гордост може да кажеме, дека е една од ретките општини каде бројот на жители од минатиот попис до последниот попис е зголемен за 1000.

Во Општина Петровец е зголемен бројот на првачиња, зошто општина Петровец гради училишта, гради градинки.

Општина Петровец ќе продолжи да ги подобрува условите за живот на сите граѓани на територијата на Општина Петровец.