Connect with us

Фудбал

Тер Штеген повторно се повреди

Голманот на шпанскиот прволигаш Жирона, Марк-Андре тер Штеген ќе биде надвор од теренот поради потешка повреда, јавија денеска локалните медиуми.
Според истите извори, Тер Штеген ја повредил тетивата во саботата за време на натпреварот против Овиедо и истата е посериозна отколку што се мислеше во прв момент.
Според лекарскиот тим на шпанскиот клуб, 33-годишниот Германец ќе паузира најмалку два месеци.
Тер Штеген неодамна се врати на теренот, откако отсуствуваше поради повреда, што доведе до само еден настап за Барселона. Пред две недели тој се приклучи на Жирона на позајмица до крајот на сезоната и бранеше против Хетафе и Овиедо. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4