Свет
Кинескиот премиер Ли во посета на Северна Кореја

Премиерот на Кина, Ли Кечијанг од 9 до 11 октомври ќе престојува во Северна Кореја, каде ќе присуствува на настани по повод 80-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја во Пјонгјанг, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека двете земји се „традиционални пријатели и партнери“ и се нагласува „непоколебливата стратешка политика“ на кинеската Влада и владејачката Комунистичка партија за „одржување, консолидирање и развивање“ на односите со Северна Кореја.
На прославата по повод формирањето на Работничката партија на Кореја, севернокорејската државна новинска агенција КЦНА јави дека ќе присуствуваат и претседателите на Виетнам и на Лаос, То Лами и Тонглун Сисулит.
октомври 8, 2025