Општини
Отчет на велешкиот градоначалник Марко Колев пред велешани

Во изминатите четири години Велес доби неколку важни капитални проекти со поддршка од Владата, по повеќе од две децении конечно беше изграден новиот покриен Градски пазар на постоечката локација – најубав во земјава, граѓаните добија нов модерно уреден кеј на реката Вардар односно негово продолжување на изградба по две децении, а во тек е продолжување со изградбата на кејот на уште еден дел на што деновиве интензивно се работи. Завршено е уредувањето на централното градско подрачје со смарт елементи,пешачка зона и велосипедска патека,а во тек е изградбата и на подземна катна гаража.
На целата територија на Општина Велес беше променето уличното осветлување и е воспоставено паметно осветлување со 4695 нови лед светилки со систем за следење и контрола, а во тек е и постапката за проширување на опфат со дополнителни 500 светилки, најави градоначалникот на Општина Велес Марко Колев на синоќешната свеченост во паркот пред Општинската зграда презентрајќи го пред граѓаните и бројните гости сработеното со што го даде својот отчет од скоро четиригодишното работење. Воедно најави дека поради тоа што некои од уличните лед светилките се гаснат и повторно палат во наредниот период ќе работи и на замена на дотраената мрежа за улични светилки.
Како еден од капиталните проекти тоа ја спомна и целосната реконструкција на долните носечки делови и целата конструкција на долниот дел од мостот кај Башино Село кој е главната артерија на градот.
-Во сите изминати 20 -тина години сите локални и државни политичари само ја констатираа неговата состојба, но никој не се осмели да го санира над 50 години стариот времен мост. Јас со поддршка од оваа Влада и ЈПДП собрав храброст и по неколку месеци напорна работа на градежнитете, мостот кој е главната артерија на Велес, сега е целосно реконструиран и безбеден за сообраќај и движење по него потенцира Колев.
Тој најави дека наскоро локалната власт со подршка од Владата од која доби и средства ќе го реши проблемот за спас на велешко езеро „Младост“.
Истакна дека освен завршените и започнати проекти Општина Велес веќе потпиша договори со Владата за реализација на нови 15 проекти чија изведба наскоро ќе започне: реконструкција на патот Чолошево-Дорутовец,реконструкција на влез во село Иванковци и во Башино Село на потег од фирмата „Енмон“ до сред село,реконструкција на влез во село Мамутчево .Воедно најави и реконструкција на плоштадот во центарот на градот,на Противпожарниот дом,заедно со помошен објект и партерно уредување,на спортската сала „Гемиџии“- електрика,водовод и дел од архитектурата,како и реконструкција на nеколку улици и фасадата на Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“.
Воедно информира дека дополнително е потпишан и договор за изградба на пречистителна станица за собирање и третман на отпадни води во Општина Велес.
Градоначалникот Колев потенцира дека Велес секогаш бил познат како Град на културата и затоа враќањето на овој епитет на градот во изминативе 4 години наишло на огромна поддршка од граѓаните.Се возобновија постоечките традиции и се создадоа нови:како прослава за „Свети Трифун“ Фестивалот „5 ре’ „Рациновите средби“ прераснаа во повеќедневно чествување .Продолжи поддршката на најпосетуваната манифестација во градот Интернационалниот фолклорен фестивал, се одржуваат и „Велешко лето“ кое трае два месеци со повеќе од 30 разновидни настани и многу други културни настани и фестивали.
Тој потсети дека е возобновена Вардарската регата „Гемиџии“ заедо со Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ со кој ја организираат а веќе 2 години освен до Гевгелија истата плови по Вардар се ’ до Солун, а возобновена е и Велешката Питијада и многу други манифестации кои се прифатени од велешани а посетувани од бројни гости.
Колев посочи дека во изминатите 4 години реконструирани се спортските сали во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ ООУ „Васил Главинов“ и СОУ Гимназија „Кочо Рацин“.Тој потенцира дека како никогаш во изминатите години во Велес и велешко се реконструирани и изградени спортски терени и комплекси како таканареченото Ракометно игралиште во Градскиот парк,кај „Симпо“, во село Горно Оризари,кај Автобуската станица спортските комплекси во населба Тунел,Дворови,Превалец како и памптрак за велосипеди во Градскиот парк и многу други.Воедно направени се и многу детски катчиња со реквизите за најмладите во градот и населените места во Општина Велес.
Тој потсети дека Велес има бројни спортски манифестации како: „Трчаме за Рацин“ Спортските игри.
Потенцира дека Велес има најмногу цветни насади од сите градови и со право го носи епитетот „цветен град“,а дека се озеленети нови катчиња на јавните површини во градот а и дека се работело на подигнување на свеста на граѓаните за нивно одржување.
Колев потсети за континуирано вложување во младите и образованието за доделување стипендии и поддршка на младите во сите области, за поставување на фотофолтаици на сите училишни згради и инстуции во градот,за субвенционирање за велосипед,сончев колектор како и субвенции за новороденче и прваче за многу други проекти за најмладите и сите граѓани на Општина Велес.За опремување со лична и друга опрема и возила на Територијалната Противпожарна Единица од Велес, а која е најдобро опремена во земјава ,за изведба на нови и реконструкција на постоечките водоводни,канализациони линии,сообраќајници и улици.
-Се грижевме за најмалите,младите и ранливите ги поддржавме организациите,ги отворивме вратите на Општината за сите граѓани,ги слушавме вашите потреби согласно можностите и од Велес создадовме дом за сите, нагласи Колев.
Ведно за се’ што е сработено во општината тие добиле поддршка-зелено светло од Советот на Општина Велес.На свеченоста за соработката со градоначалникот за подобра Општина Велес, зборуваше и актуелниот претседател на Советот Даниел Јаневски и претходниот претседател, а сега актуелен министер за култура и туризам Зоран Љутков,кој се осврна за подршката на Министерството за култура за бројните културни манифестации во Велес и за враќање на епитетот Велес – Град на културата.
Свое обраќање имаше и пратеникот Игор Здравковски и актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, акој ја најави кандидатурата за уште еден 4 годишен мандат за градоначалник на Марко Колев и ги повика граѓаните да го поддржат за ушт е еден мандат за подобар Велес.
септември 4, 2025