Општини
Градоначалникот Пецаков го прими младиот спортист Марко Пејчиновски

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска го прими младиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“ предизвикот долг 107 километри.
Пецаков, како што соопшти Општина Охрид, му доделил плакета со лична посвета на Марко, при што истакнал дека со неговата упорност и истрајност е гордост за Охрид и инспирација за целата заедница.
– На средбата му беа посакани уште поголеми идни успеси, со верба дека неговата спортска приказна ќе биде поттик за многу други млади охриѓани да чекорат по патот на дисциплината, здравјето и спортските предизвици, стои во информацијата.
Марко Пејчиноски има 19 години и, според Општина Охрид, е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Тој реализирал и 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што беше своевиден рекорд.
Во рамки на последниот „Ironman“ подвиг, кој беше реализиран на 28-ми август 2025 година, Марко трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше велосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид.
септември 3, 2025