Општини
Пецаков од Охрид: Стартува акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина – собираме идеи од граѓаните кои ќе бидат дел од нашата програма за модерен Охрид

Почитувани, денеска е ден кога собираме идеи на граѓаните, идеи коишто ќе бидат дел од програмата наредните четири години.
Нашата програма е конципирана на начин што во првиот дел она што претставува капитални инфраструктурни проекти, ќе бидат надоградени на веќе постоечките капитални инфраструктурни проекти, коишто се отпочнати или завршени во претходниот мандат, и суштински ќе ја менуваат сликата за Охрид.
Вториот дел ќе бидат проекти коишто се насочени и се директно поврзани со потребите на граѓаните од месните заедници, а произлегоа како насочна потреба во изминатите четири години, и ги добивавме директно од месните заедници, и третиот дел секако дека ќе биде поврзан со денешниот ден, односно со идеите коишто граѓаните во наредните неколку дена ќе ги доставуваат до нас, и сето она што ќе биде реално остварливо, ќе може да биде дел од нашата програма и ќе се потрудиме да биде остварено за еден мандат.
септември 1, 2025