Connect with us

Хроника

Приведено лице во Струшко, пронајдени дрога и куршуми

Струшката полиција привела 28-годишно лице од селото Подгорци, при претрес во неговиот дом пронајдени биле дрога и куршуми, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според информацијата, вчера, во 10.30 часот, во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода Д. Р. (28) од истото село. 

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми во различен калибар – стои во соопштението. 

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4