Connect with us

Свет

Москва реагира на изјавата на Трамп за „колапс“ на руската економија

Москва денеска реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека наводниот недостиг на бензин во Русија е показател дека руската економија ќе се сруши..

Трамп вчера изрази разочарување од рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека тој не е склон да го прекине конфликтот во Украина.

На изјавата на американскиот претседател одговори рускиот вицепремиер Александар Новак, кој изјави дека на домашниот пазар во Русија постои стабилно снабдување со бензин.

– Имаме стабилно внатрешно снабдување со бензин, не гледаме проблеми во тој поглед, истакна Новак.

Вицепремиерот додаде дека се одржува балансот меѓу производството и потрошувачката. – Ние, како Влада и како поединечни министри, правиме сè што е можно за да се осигураме дека тоа ќе остане така, рече Новак.