Кошарка
Тејтум: Повреден сум, но иронично, остатокот од моето тело е посилен од кога било

Кошаркарот на Бостон селтикс кажа дека има и придобивки од долгото закрепнување.
– Една од позитивните страни што ги открив во овој период е тоа што имав 19 недели за да го рехабилитирам и зајакнам десниот лист, да го направам исто толку силен како левиот, или дури и посилен, но исто така и да направам сериозна работа на целото мое тело. Поминав 19 недели без никаков стрес на нозете со трчање или играње кошарка. Одев шест дена во неделата во теретана, работејќи на моето тело, нозете – квадрицепси, тетиви и сè друго. Повреден сум, но иронично, остатокот од моето тело е посилен од кога било. Па затоа сум отворен за можноста да се вратам и да кажам: Знаете, моето тело веројатно не се чувствувало толку добро уште од моите 19 години, изјави тејтум.
Поминаа само четири и пол месеци од руптурата на Ахиловата тетива, но Тејтум веќе се врати на кошаркарскиот терен.
септември 30, 2025