Кошарка
На Вестбрук му недостасуваат 506 поени за да стане најефикасниот плејмејкер во историјата на НБА

Најдобриот кошаркар (МВП) на НБА за 2017 година е само на неколку поени од соборување на рекордот на Робертсон. Расел Вестбрук моментално има 26.205 поени, 505 поени зад Оскар Робертсон (26.710), водечкиот плејмејкер на сите времиња во лигата.
На Робертсон му беа потребни 14 сезони за да го достигне овој рекорд. За Вестбрук, кој останува слободен агент, следната сезона може да биде неговата 18-та. Минатата сезона, со Денвер, Вестбрук постигна 994 поени.
Топ 10 плејмејкери со најмногу поени во историјата на НБА:
Оскар Робертсон (26.710)
Расел Вестбрук (26.205)
Стеф Кари (25.386)
Крис Пол (23.011)
Демијан Лилард (22.598)
Гари Пејтон (21.813)
Џон Стоктон (19.711)
Тони Паркер (19.473)
Ајзеа Томас (18.822)
Џери Вест (18.092).