Connect with us

Кошарка

Пелистер поразен од Реџина

Македонскиот претставник во кошаркарската Лига на шампионите Пелистер го заврши настапот во ова натпреварување откако попалднево загуби од италијанскиот тим Реџина со 99:87. Елиминација сепак не значи крај на евронастапите бидејќи битолчани ќе продолжат во Европа купот на ФИБА. 

Екипата од Италија и пред почетокот на дуелот важеше за фаворит на натпреварот, а воедно и за екипа која атакува на пласман во Лигата на шампионите.  По двата добри периода Реџина на полувреме водеше со 58:42 и со тоа ја навести победата. 

Најдобар стрелец кај Реџана беше Кван Читам Јуниор со 22 поени, додека кај Пелистер, Кевин Брејси-Дејвис даде 20 поени. Од македонските кошаркари прв стрелец беше Андреј Митревски со 11 поени.