Connect with us

Кошарка

Пелистер дел од квалификациите за ФИБА Лигата на шампионите

Тимот на Пелистер ќе ја брани честа на македонската клупска кошарка во натпреварите кои се во ингеренции на ФИБА. Светската кошаркарска федерација одлучи во десеттото издание на Лигата на шампиони, квалификациите да бидат реализирани во Самоков, Бугарија.

Во првото елиминациско коло на 19 септември, „зелено-белите“ ќе играат против италијанската Реџана. Почетокот е закажан за 15:30 часот. 

Покрај Пелистер и Реџана, во групата 2 се и: Орадеа (Романија), белгискиот Антверпен, турската Бурсаспор, германскиот Брауншвајг, ПАОК (Грција) и Дерби Студентски центар (Црна Гора).

Согласно со натпреварувачкиот „костур“ доколку биде подобар од италијанскиот претставник, Пелистер ќе се сретне со победникот од дуелот Орадеа-Антверпен. мечот со кој ќе биде отворен овој собир во Самоков.

Во случај на неуспех на дуелот со Реџана, „пелистерци“ ќе продолжат да се натпреваруваат во ФИБА Еврокупот.