Connect with us

Хроника

Кривична пријава за тројца Грци, се сомничат дека украле повеќе парфеми од продавница на ГП Богородица

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) заради сомневање за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, соопштија денеска од СВР Струмица. Тие се сомничат дека вчера, во периодот од 10:40 до 11:15 часот, од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми.

-По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија утврдија дека тројцата заминале од местото со возило „тојота“, кое го управувал В.Б., а другите двајца биле сопатници. Во 21.30 часот на Граничен премин „Богородица“ е запрено возилото и при контрола во него се пронајдени одземените предмети, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Лицата се уапсени и се задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.