Кошарка
Уште едно ново американско засилување во КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер во својот ростер има уште еден американски кошаркар. „Зелено-белиот“ дрес ќе го носи Си-Џеј Вилсон, 31-годишен кошаркар.
Вилсон минатата сезона ја мина во македонскиот шампионат носејќи го дресот на Кожув од Гевгелија. Токму Американецот беше најдобар кошаркар на Кожув ланската сезона,што беше најдобра препорака за управата на „пелистерци“ да го ангажира.
Вилсон пред Кожув настапуваше и во Полска, а има настапувано и во лигите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ.
Вилсон е петтото странско засилување за Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс и Брејси Дејвис
септември 10, 2025