Connect with us

Кошарка

Евробаскет 2025: Литванија го елиминираше домаќинот Летонија

Во дуелот на двете балтички држави Литванија со 88:79 (28:18; 19:19; 19:17 и 22:25) ја совлада Летонија. Со овој пораз во нок аут фазата домаќинот Летонија остана без медал на Евробаскет.

Литванската репрезентација од самиот почеток стави до знаење дека ќе ја оправда фаворитската улога. На полувреме имаа предност од десет разлика, а во последната четвртина и од +15 (75:60). Летонија успеа да намали на 81:77, но немаше време за пресврт. Арнас Величка со 21 поен и 12 асистенции беше прв играч на натпреварот.

Литванија во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот Грција – Израел.

На денешните осмина финални: Турција – Шведска 85:79 и Германија – Португалија 85:58. Вечерва во последното денешно осминафинале играат Србија – Финска.

Утре осминафиналните двојки ги сочинуваат: Полска – БиХ, Франција – Грузија, Италија – Словенија и Грција – Израел.