Connect with us

Кошарка

Муса разочаран поради пропуштањето на Евробаскет 2025

Еден од најдобрите кошаркари на Босна И Херцеговина, Џанан Муса е разочаран за пропуштањето на Евробаскетот.

Врз Муса беше извршен хируршки зафат кон средината на август.

– Рехабилитацијата по операцијата е потешка од очекуваното. Според некои прогнози, требаше да почнам да трчам за 3-4 дена. Но, почнав нормално да одам дури по 11-от ден. Се будев од болка навечер. Но, она што боли уште повеќе е што нема да можам да играм на Евробаскетот. Сите знаат колку ми се важни репрезентацијата и земјата, изјави Муса.

Хернијата беше откриена за време на рутински преглед, 

-Не можев да одам на Кипар бидејќи Дубаи инсистираше да ја залечам повредата кај нив. Ќе останам таму до почетокот на сезоната. Тие сакаат да сторат сè што е можно за да се осигурат дека сум целосно здрав до 30 септември, заклучи Муса.

Кошаркарот минатата сезона играше за Реал Мадрид од каде замина во новиот евролигаш Дубаи.