Connect with us

Кошарка

ВНБА се проширува на 18 екипи до 2030

Американската професионална женска кошаркарска лига (ВНБА) објави денеска дека ќе го зголеми бројот на тимови на 18 до 2030 година.

Градовите што ќе добијат нови тимови се Кливленд, Детроит и Филаделфија.

Се очекува Кливленд да се приклучи на лигата во 2028 година, Детроит во 2029 година, а Филаделфија во 2030 година.

Основањето на нови тимови е уште еден показател за растечката популарност на ВНБА во последниве години, во која главна улога одиграа атрактивни кошаркарки, предводени од Кејтлин Кларк и Енџел Рис.

Почнувајќи од 2008 година заклучно со оваа година, во ВНБА се натпреваруваат 12 екипи. По што на лигата се приклучи Голден Стејт, а од 2026 нови тимови ќе добијат Портланд и Торонто.