Connect with us

Свет

Песков: Украинските напади врз руските рафинерии се спротивни на мировните напори на САД

Кремљ денеска соопшти дека нападите врз руската енергетска инфраструктура се спротивни на мировните напори на САД, по ноќешниот украински напад со беспилотно летало врз рафинерија во рускиот град Рјазан, јавија британските медиуми.

Порпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Русија знаеше дека Украина нема да го почитува енергетското примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатата недела.

Киев соопшти дека украинските сили престанале да вршат вакви напади три дена, но ги продолжиле откако Русија продолжила да го напаѓа енергетскиот сектор на Украина.

Песков, истовремено, рече дека руското дизел- гориво за извоз почнало да стигнува до светските пазари, со очекуван позитивен ефект, но не и целосна стабилизација.

Според него, во моментов има тензии на глобалните енергетски пазари поради многу фактори, вклучувајќи ја и неможноста на Русија да извезува големи количини нафта и нафтени производи.

Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за извоз на руско дизел-гориво на американските и светските пазари, потсетуваат британските медиуми.

Ad
Ad